• петок, 05 декември 2025

Меџити: Законот за правична застапеност ги унапредува правата на сите етнички заедници, чиј императив не треба да биде само бројката, туку и квалитетот

Меџити: Законот за правична застапеност ги унапредува правата на сите етнички заедници, чиј императив не треба да биде само бројката, туку и квалитетот

Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на панел-дискусијата по повод една година Влада, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“ се осврна на Законот за правична застапеност, нагласувајќи дека со него се унапредуваат правата на заедниците и оти тој е во духот на Охридскиот рамковен договор. 

Меџити: Законот за правична застапеност ги унапредува правата на сите етнички заедници, чиј императив не треба да биде само бројката, туку и квалитетот

Меџити нагласи дека тој закон за правична застапеност требало да биде донесен уште 2003 или 2004, оваа категорија до 2015 не била дефинирана, била само уставна категорија, без законско решение, ниту механизам. Тој изрази зачуденост поради реакциите на одредени политичките актери, пред се ДУИ со барање за враќање на балансерот, напоменуваќи дека тие исти Албанци во владата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски гласаа за негово укинување. 

Потсети дека и Уставниот суд донесе одлука минатата година за укинување на балансерот, алатка која се користеше при вработувањето во јавната администрација со цел да има соодветна и правична застапеност на етничките заедници.

-Оваа Влада се соочи со нова ситуација, кога се укина балансерот и во тој моменто реагиравме за да се почитува уставната категорија за соодветна застапеност, со носење закон, нагласи Меџити, додавајќи дека по 20 и повеќе години ова прашање прв пат се решава со закон, со што се операционализира правичната застапеност на сите етнички заедници. Сепак, напомена Меџити, императив за сите етнички заедници е не само да бидат застапени по бројка туку и со квалитет и дополни дека секогаш оваа правична застапеност треба да се води од мерит системот.

Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а дури потоа ќе влезе во собраниска процедура. 

Предлог-законот, како што изјави претходно денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев е подготвен од група уставни експерти. Правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти откако ќе се добие мислењето од Венецијанската комисија. ац/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан