• петок, 22 ноември 2024

Меѓународно графичко триенале во Битола

Меѓународно графичко триенале во Битола

Битола, 11 октомври 2024 (МИА) - Во Битола отворено е 11. Меѓунродно графичко триенале, за кое годинава се пријавија 145 држави и околу 800 уметници, со што во европски па и светски размери, ова ликовно случување станува значајно и уникатно во придонесот на светската графичка мисла.

Дел од 11 триенале, од декември до март идната година ќе биде претставено во истакнати галерии на шест градови во Кина за што подготвен е и каталог со над 900 страници, кој во електронска форма ќе биде дистрибуиран до учесниците, истакнати институции и центри во светот.

-Опстанокот не е во манифестациите, туку она што тие го носат – како дар и светлост за човечкото спасување пред големиот потоп. Овој идеал и надеж, наречен 11-то триенале – создаде еден вид на бројни мостови кон сите континенти. Не за потенцирање и истакнување на одбрани и „привилегирани“ дела и центри, туку за присуство на автори од секаде во светот. Овој панорамски паноптикум, докажува, покажува, потврдува, дека светот не е еднообразна насекаде иста баналност. Светот е бескрај на суштини, барање на смисла, разновидност, задлабочување во душевноста, емотивноста, мислата. Човекот мора да се ослободи од сопствените замки, особенотехнички и глобалистички. Неговата хармонија е Љубов-заемна љубов со природата, со севкупноста низ кој се простира душата, истакна Владо Ѓорески, претставник на организаторот.

Тој додаде создавање на уметност денес не е само донкихотство, тоа е храброст, да се биде, да се живее и да се постои во другите сфери.мт/бт/

Фото: Графичко триенале-Битола

Остани поврзан