• понеделник, 01 јули 2024

Меѓународниот суд во Хаг бара од Азербејџан да гарантира безбедно враќање на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах

Меѓународниот суд во Хаг бара од Азербејџан да гарантира безбедно враќање на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах

Хаг, 17 ноември 2023 (МИА) - Највисокото правосудно тело на Обединетите нации- Меѓународниот суд на правдата во Хаг, денеска пресуди дека Азербејџан мора да дозволи „безбедно“ враќање на жителите на спорната територија Нагорно-Карабах, која Баку ја зазеде во септември за време на молскавична офанзива, пренесоа светските агенции.

Меѓународниот суд пресуди дека Азербејџан мора да дозволи секој оној кој сака да се врати во Нагорно-Карабах тоа да го стори „безбедно, слободно и брзо“. 

По азербејџанската офанзива, речиси целото ерменско население ја напушти самопрогласената Република Нагорно Карабах, потсетуваат агенциите.

Судиите, исто така, истакнаа дека Баку мора да ја обезбеди безбедноста на Ерменците кои остануваат во енклавата како дел од вонредните мерки. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан