• вторник, 25 јуни 2024

Меѓународна научна конференција на Бизнис Академија Смилевски во Битола

Меѓународна научна конференција на Бизнис Академија Смилевски во Битола

Битола, 6 ноември 2022 (МИА) - Бизнис Академија Смилевски во Битола одржа меѓународна научна конференција посветена на современите менаџерски предизвици и организациските науки.

Панелисти на конференцијата беа универзитетските професори Цветко Смилевски, кој говореше за „Улогата и ефектите на претпримаштвото во транизацијата на македонското стопанство, професорот Ризван Сулејмани кој говореше на тема „Справување со конфликтите во периодот на транзиција на македонското општество“ и професорот Петер Одри кој се осврна на „Временски и просторен тек на индустриската-стопанска транзиција во Источна Европа“.

Според востановената традиција, на меѓународната конференција и претходеше манифестацијата „Менаџерски муабети“ која годинава беше на тема „Претриемачка транзиција“, а учествуваа Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори, Наташа Несторовска, член на Управен одбор на Стопанска банка-Битола, Христина Фуна, сопственик и финансиски менаџер на Синпекс-Битола и Благоја Стојчевски, сопственик и менаџер на Тримод Тим ДОО.

Со академските настани во Битола, Бизнис Академија Смилевски воедно го одбележа јубилејот, 30 години од основањето на групацијата Детра Центар, Бизнис Академија Смилевски-БАС и БАС Институт за менаџмент, а генералниот менаџер на БАС, м-р Горазд Смилевски на истакнати соработници и партнерските организации им додели посебни признанија. мт/вг/

Остани поврзан