• четврток, 21 ноември 2024

Меѓународна научна конференција за образованието и бизнисот во глобалните мегатрендови

Меѓународна научна конференција за образованието и бизнисот во глобалните мегатрендови

Битола, 1 ноември 2024 (МИА) - БАС Институт за менаџмент и Бизнис академија Смилевски во Битола одржаа меѓународна научна конференција за образованието и бизнисот во глобалните мегатрендови на која со свои трудови настапија истакнати научници од државата и странство.

Претставници на науката и образованието имаат општествена одговорност да дадат личен придонес во делот на глобализацијата, заклучија учесниците на академскиот собир во Битола.

-Чинот на глобализација на опкружувањето денеска е толку голем што ги афектира сите општествени и природни и институционални актери за тоа што се случува во светот. Оттука произлегува обврската на нас како професионалци или институции во областа на науката и образованието кои што имаме општествена одговорност, но исто така и академска компетенција, да го дадеме својот придонес во собирањето, споделувањето и обработувањето на научното знаење како придонес во светските придонеси во делот на глобализацијата, истакна професорот Цветко Смилевски, претседател на програмскиот одбор.

Во панел дискусијата на конференција во Битола со свои излагања настапија Џерџ Хорва од Германија, Питер Одри од Унгарија, Николас Харису од Грција и Мерсел Биљали од Северна Македонија.

Научните трудови ќе бидат објавени во Зборник, информираа организаторите на меѓународнаа научна конференција за образованието и бизнисот во глобалните мегатрендови. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан