• вторник, 24 декември 2024

Меѓународна конференција„Луѓе во движење, државјанство, идентитет и развој“ во Универзитетот „Мајка Тереза“

Меѓународна конференција„Луѓе во движење, државјанство, идентитет и развој“ во Универзитетот „Мајка Тереза“
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ќе биде одржано шестото издание на Меѓународната конференција за миграцијата насловена „Луѓе во движење, државјанство, идентитет и развој“. Конференцијата е организирана во партнерство со Универзитетот во Сасари-Италија, Универзитетот во Приштина-Косово, Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид и невладината организација „Легис“ од Скопје. Како што информираат од Универзитет „Мајка Тереза“, на отворањето на конференцијата ќе се обрати ректорот проф. д-р Изет Зеќири, а почесни гости ќе бидат министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и заменик министерот за образование и наука Љуљзим Алиу.фф/са/

Остани поврзан