Меѓународна изложба на кучиња викендов во Скопје
- Во сабота и во недела на стадионот на АРМ ќе се одржи меѓународна изложба на кучиња „Оctober Dog Show“ во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија и кинолошките клубови Поларис и Лотус Ројал.

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Во сабота и во недела на стадионот на АРМ ќе се одржи меѓународна изложба на кучиња „Оctober Dog Show“ во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија и кинолошките клубови Поларис и Лотус Ројал.
Кучињата ќе бидат оценувани од судии од Северна Македонија, Србија, Перу, Литванија и Словачка. Најдобрите ќе добијат сертификат за државен шампион CAC и интернационален сертификат за првак во убавина CACIB.
Во рамки на настанот во сабота ќе се одржи специјализирана изложба за расата шнауцер, а во недела специјализирана изложба за расата германски шпиц.
Рокот за пријавување за учество на изложбата е до утре до полноќ.
Повеќе информации за пријавувањето и изложбата може да се најдат на веб страницата на Кинолошкиот сојуз на Македонија. бак/ев/
Фото: Кинолошки сојуз на Македонија