• вторник, 16 јули 2024

Меѓународен фудбалски тримеч за младинци во Делчево

Меѓународен фудбалски тримеч за младинци во Делчево

Делчево, 22 јуни 2024 (МИА) – Фудбалскиот клуб Брегалница од Делчево за младински категории денес е домаќин на екипите на ЦСКА Софија и Вардар Скопје. Во рамки на фудбалскиот тромеч на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе се одиграат натпревари помеѓу генерациите 2012.

- Натпреварите се играат по принцип „секој со секој“ двапати по 20 минути. На настанот се очекува пред сè многу дружба забава и одлични фудбалски потези. Упатуваме отворен повик до сите вљубеници во фудбалот, со своето присуство да го збогатат овој фудбалски спектакл, истакна Душко Петровски од ФК Брегалница Делчево.

За фудбалерите дружбата е поважна од фудбалскиот резултат.

- Мојата порака е сите деца да тренираат. За мене најважно од денешниот натпревар е да се дружиме, рече Љубослав Гоцевски.

Сашо Тодоровски од ФК Вардар Скопје, додаде дека натпреварите се одлична можност за размена на искуства помеѓу младите генерации на фудбалери од двете земји.

Домаќините очекуваат настанот да прерасне во традиционален турнир на кој во иднина ќе учествуваат повеќе екипи од земјава и странство. вс/зс/

Фото: МИА

Остани поврзан