• петок, 17 мај 2024

Метју Лосон од јули нов британски амбасадор во земјава

Метју Лосон од јули нов британски амбасадор во земјава
Скопје, 14 април 2022 (МИА) - Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Северна Македонија. Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава. Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година. Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011. нд/са/  

Остани поврзан