• четврток, 26 декември 2024

Мета: Да се обединиме сите против Рама

Мета: Да се обединиме сите против Рама
Тирана, октомври 2022 (МИА) – За да го победи Еди Рама на локалните избори, лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател, Илир Мета повика за единство на опозицискиот фронт. Тој побара од демократите повеќе да не му веруваат на Љуљзим Баша, кој заедно со Еди Рама ја загрозиле демократијата и плурализмот во државата и поставуваат монистички режим. -Како ја зароби државата? Тука Рама се покажа мудар, суптилен, зграпчувајќи го Лули. Ама едно ќе ви кажам, нема поталентиран бизнисмен од Лули. Благодарение на неговите трикови, тој е насекаде заедно со Еди Рама. И денес додека зборуваме тие се заедно. Тие се заедно против политичкиот плурализам, обвини Мета. Според него „благодарение“ на Баша опозицијата денес е без ниту еден советник во советите на општините, алудирајќи на бојкотот на последните локални избори од страна на здружената опозиција. На средба со граѓаните на Кучово рече дека во малите градови позабележително е заминувањето на граѓаните, за што доволно е да се видат празните училници во училиштата, за што го обвини премиерот Еди Рама, додавајќи дека за се еден ден ќе даде отчет. вт/

Остани поврзан