• понеделник, 20 мај 2024

Меси се врати на тренинзите

Меси се врати на тренинзите

Мајами, 7 октомври 2023 (МИА) - Помошникот на тренерот на Интер Мајами, Хавиер Моралес, изјави дека напаѓачот Лионел Меси започнал со целосни тренинзи.

- Тој тренираше изминатите два дена. Секој ден неговата состојба се подобрува, изјави Моралес за „ESPN“.

Интер Мајами го навести и учеството на играчот во натпреварот од регуларниот дел од МЛС сезоната против ФК Синсинати објавувајќи фотографија од Меси со натпис „Се гледаме утре“.

На 21 септември, на натпреварот против Торонто, 36-годишниот Аргентинец беше заменет во 37. минута од натпреварот поради повреда. По ова Меси пропушти четири тимски натпревари по ред. 

Натпреварот од регуларната сезона во МЛС помеѓу Интер Мајами и Синсинати ќе се одигра на 8 август со почеток во 1:30 часот по македонско време. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан