• петок, 05 декември 2025

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Берлин, 21 ноември 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц разговараше по телефон со американскиот лидер Доналд Трамп за мировниот план на САД за Украина, објави ДПА.

Петнаесет-минутниот разговор се одржа во „дух на доверба и пријателство“, изјави портпаролот Стефан Корнелиус.

„Следните чекори“ беа договорени во однос на координацијата меѓу советниците, додаде функционерот.

Американскиот план, кој беше објавен претходно оваа недела, би можел да ја принуди Украина да направи значајни отстапки, вклучително и предавање на делови од источна Украина што Русија не ги зазела, како и намалување на нејзината армија и откажување од членството во НАТО. мс/сд/

фото: ДПА архива

Остани поврзан