• четврток, 21 ноември 2024

Мерц: Избори во февруари e добро решение

Мерц: Избори во февруари e добро решение

Берлин, 12 ноември 2024 (МИА)  - Германскиот опозициски лидер Фридрих Мерц го поздрави договорот на неговата партија со коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц за одржување предвремени избори во февруари, јави ДПА.

„23 февруари е добро решение“, рече Мерц денеска во Берлин, по состанокот со пратениците од неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ).

Мерц, фаворитот за следен германски канцелар, денеска  рече дека одржувањето на избори во јануари би донело цела низа тешкотии. Меѓутоа, тој тврди дека Германија губи околу еден месец од драгоценото време потребно за формирање нова влада.

Овој 69-годишен политичар прецизираше дека голем број критични закони допрва треба да бидат усвоени во германскиот Парламент со поддршка на неговиот блок, но Шолц мора прво да одржи гласање за доверба со цел формално да го започне изборниот процес.

Шолц планира да го поднесе барањето за гласање доверба на 16 декември, дознава ДПА.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан