• сабота, 18 јануари 2025

МЕРМС и ЗЛЕК потпишаа меморандум за соработка за унапредување на енергетската ефикасност

МЕРМС и ЗЛЕК потпишаа меморандум за соработка за унапредување на енергетската ефикасност

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и Здружението на лиценцирани енергетски контролори на Македонија (ЗЛЕК) потпишаа меморандум за соработка, кој отвора нови можности за поттикнување и унапредување на енергетската ефикасност во државата.

Целта е преку здружување на експертизата и институциите да се забрза унапредувањето на енергетската регулатива и стручна поддршка. Меморандумот предвидува активности како промоција на енергетска ефикасност, размена на информации, стручна и техничка поддршка, како и организирање на трибини, обуки и настани, соопшти МЕРМС.

- Преку здружување на стручноста и ресурсите, ќе работиме на подобрување на законодавството и создавање конкретни придобивки за граѓаните. Ова партнерство е нашата посветеност кон поефикасна иднина, истакна министерката за енергетика Сања Божиновска на потпишувањето на меморандумот.

Претседателката на ЗЛЕК, Весна Неделковска, пак, нагласи дека соработката со Министерството ќе овозможи поефективно користење на нивното знаење и експертиза, а заедничките активности ќе придонесат за афирмацијата на енергетската ефикасност.

Здружението на лиценцирани енергетски контролори на Македонија (ЗЛЕК) е професионална организација која има цел промоција и унапредување на енергетската ефикасност преку обезбедување енергетските контроли да ги вршат соодветно обучени и овластени ревизори, релевантни за секој пазар. Обезбедуваат консултантски услуги, стручна анализа и помош во конкретни проекти поврзани со енергетската ефикасност.

Преку своите активности, ЗЛЕК придонесува кон подобрување на законодавната рамка, едукација на професионалците и јавноста, како и практична имплементација на мерки за енергетска ефикасност во Република Македонија.

Оваа соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини претставува значаен чекор кон зајакнување на енергетската ефикасност и одржливиот развој на енергетскиот сектор во земјата и ја поставува основата за иновативни пристапи во справувањето со енергетските предизвици. се наведува во соопштението од МЕРМС.са/

Фото: МЕРМС

 

 

Остани поврзан