• среда, 03 јули 2024

Меркел ќе ја прими вакцината на Астра Зенека

Меркел ќе ја прими вакцината на Астра Зенека
Берлин, 16 април 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја прими вакцината на Астра Зенека против коронавирусот. Според германскиот дневен весник „Велт“, политичарката од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде имунизирана со вакцината на Астра Зенека, со цел да се зголеми довербата во вакцината на Оксфорд низ цела Европска унија. Канцеларката Меркел има над 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние кои ги исполнуваат условите за имунизација со таа вакцина во Германија. гт/

Остани поврзан