• вторник, 26 ноември 2024

Мерење температура при влез во институциите и трговски објекти во Крива Паланка

Мерење температура при влез во институциите и трговски објекти во Крива Паланка
Крива Паланка, 16 јуни 2020 (МИА) – Доследно почитување на протоколите за социјална дистанца како и препорака за набавка на соодветни апарати за мерење на телесна температура и нивно секојдневно користење при влез на вработените во институциите, трговските и производствени капацитети со над пет вработени лица, препорача општинскиот кризен штаб на Крива Паланка на последната одржана седница. - На состанокот утврдено е Јавното претпријатие „Комуналец“ да подготви нов месечен план за дезинфекција на јавни површини и во координација со Територијалната противпожарна единица да изврши дезинфекција на сите јавни површини, согласно динамиката и временската рамка, како и на влезовите на сите колективни станбени згради на подрачјето на Општина Крива Паланка, урбана опрема и граничен премин Деве Баир. Посочено е државниот пазарен инспекторат треба да продолжи со зајакната контрола над почитувањето на безбедносните мерки и протоколите за заштита во сите трговски објекти на подрачјето на општината и во соработка со ОВР Крива Паланка да продолжат со зајакната контрола над почитувањето на протоколите за заштита и протоколот за работа на сите угостителски објекти во Крива Паланка, информираат од општински кризен штаб, Крива Паланка. Отворената телефонска линија 078 30 30 60 за помош и консултација на граѓаните во врска со превенција и спречување на ширење на Ковид-19 останува активна, а сите граѓани кои имаат потреба од психо-социјална поддршка, дистрибуција на храна, заштитни средства, лекови друго, можат истата да ја остварат преку мобилните волонтерски тимови на ОО Црвен Крст-Крива Паланка по претходно пријавување на наведениот телефонски број. иб/ир

Остани поврзан