• петок, 05 јули 2024

Мемоарите на Бритни Спирс продадени во над милион примероци во САД

Мемоарите на Бритни Спирс продадени во над милион примероци во САД

Лос Анџелес, 2 ноември 2023 (МИА) - Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, под наслов „Woman in Me“ (Жената во мене), се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.

- Во овие мемоари ги влеав срцето и душата и благодарна сум им на многубројните обожаватели и читатели ширум светот за нивната непоколеблива поддршка, изјави меѓу другото Спирс.

Податоците за продадените примероци вклучуваат купени и однапред нарачани печатени книги, како и аудиокниги и е-книги.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан