Мелони: Италија ќе им испрати опрема за воздушна опрема на земјите од Персиски Залив
- Експлицитно зборуваме за одбрана, за воздушна одбрана, посочи Мелони
Рим, 5 март 2026 (МИА) – Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска изјави дека Рим, по иранските напади врз земјите од регионот, ќе им достави на државите од Персиски Залив опрема за воздушна одбрана.
- Експлицитно зборуваме за одбрана, за воздушна одбрана, посочи Мелони.
Таа додаде дека испораката на опрема за воздушна опрема е поради тоа што десетици илјади Италијанци живеат во регионот, а распоредени се и околу 2.000 италијански војници.
Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето посочи дека Рим добил барања за помош од неколку земји од Персиски Залив и дека со партнерите од Европска Унија се разгледува брз одговор. ми/јт/
фото: ЕПА