• недела, 24 ноември 2024

Мелони: Италија имаше водечка улога во отворањето на пристапните преговори со Украина

Мелони: Италија имаше водечка улога во отворањето на пристапните преговори со Украина

Рим, 14 декември 2023 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина и рече дека Рим има водечка улога во тоа.

Мелони го изрази големо задоволство од конкретните чекори напред во процесот на проширување, кој е постигнат на самитот на Европскиот совет за Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, соопшти нејзиниот кабинет, пренесе Анса.

„Ова е резултат на значајна вредност за Европската унија и за Италија, која беше создадена како резултат на сложени преговори во кои нашата земја имаше водечка улога во активната поддршка, како на земјите од источното трио и Босна и Херцеговина, така и на земјите од Западниот Балкан“, се вели во соопштението. рп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан