• недела, 12 мај 2024

Медведев: САД и сојузниците ќе продолжат да го „трујат животот на планетата“

Медведев: САД и сојузниците ќе продолжат да го „трујат животот на планетата“

Москва, 2 декември 2023 (МИА) – Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека САД и нивните сојузници се уште имаат доволно деструктивен потенцијал и ќе продолжат, како што наведе, „да го трујат животот на планетата“.

- Невозможно е да не се признае: САД и глутницата верни кучиња кои ги хранеа сè уште имаат доволно деструктивен потенцијал и ќе продолжат да го трујат животот на планетата, напиша Медведев на својата страница на социјалната мрежа ВКонтакте.

Медведев наведе дека „ова деструктивно влијание ќе продолжи“, иако, како што рече, можностите на САД и нивните сојузници не се неограничени и дека светот е уморен од, како што рече, „наметнатиот англосаксонски неоколонијален поредок“. јт/

Фото: ВКонтакте скриншот

Остани поврзан