• петок, 05 декември 2025

Медведев полуфиналист во Шангај

Медведев полуфиналист во Шангај

Шангај, 10.октомври 2025 (МИА) – Данил Медведев успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот што се игра во Шангај. Тој во последниот четвртфинален меч го победи Алекс Де Минаур од Австралија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4).

Негов противник во полуфиналето ќе му биде Французинот Артур Риндернех, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3), беше поуспешен од Феликс Оже-Алисиме од Канада.

Во второто полуфинале ќе играат Србинот Новак Ѓоковиќ и Валентин Вахерот од Полска, кои вчера обезбедија полуфинале.

Полуфиналните мечеви се играат в сабота, а финалето на програма е во недела. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан