• сабота, 23 ноември 2024

Медведев: Како резултат на моменталните настани, Украина може да исчезне од светската карта

Медведев: Како резултат на моменталните настани, Украина може да исчезне од светската карта
Москва, 21 јули 2022 (МИА) - Поради расплетот на настаните, Украина како држава може да исчезне од светската карта, напиша денеска на Телеграм, заменик - претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. „По државниот удар во 2014 година, Украина ја изгуби независноста на државата и падна под директна контрола на колективниот Запад, а почна да верува и дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност. Како резултат на сите моментални настани, Украина би можела да го изгуби и тоа што остана од нејзиниот државен суверенитет и да исчезне од светската карта“, смета Медведев. Тој нагласи и дека „украински криминалци дефинитивно ќе бидат кривично гонети за злосторства извршени над народот на Украина и на Русија“. бд/зш/

Остани поврзан