• вторник, 05 ноември 2024

Медалите за Олимпијадата во Париз 2024 година ќе содржат метал од Ајфеловата кула

Медалите за Олимпијадата во Париз 2024 година ќе содржат метал од Ајфеловата кула

Париз, 8 февруари 2024 (МИА) – Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги промовира медалите што ќе им бидат доделени на победниците на Летните игри 2024 година во Париз.

Забележано е дека наградите ќе содржат парче од оригиналната метална конструкција на Ајфеловата кула - еден од симболите на главниот град на Франција.

Материјалот ќе биде нанесен во шестоаголна форма на секој од медалите. Директорот на организацискиот комитет на Париз 2024 година, Тони Естанге, рече дека дизајнот ги направи медалите „уникатни и неповторливи“.

-Издвоена е огромна сума за да се спојат овие благородни метали - злато, сребро и бронза - со најскапоцениот метал од Ајфеловата кула. Значи, она што е специфично за медалите е тоа спојување, таа фузија, таа легура…Карактеристично за оваа Олимпијада ќе биде шансата преку медалите да се добие дел од оригиналниот метал на Ајфеловата кула.

Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година. зс/

Фото: ИОК

Остани поврзан