МВР: 13 возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило
- Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив, четири возачи (од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци) управувале возило под дејство на алкохол. Шест возачи (од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга) управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување. Еден возач од Скопје управувал мотоцикл без да поседува возачка дозвола, а мотоциклот бил и без регистрација.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.