МВР - Центар за обука потпиша меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Јавната установа Завод за социјални дејности Скопје
- Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи вчера бил потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи - Центар за обукa, Академијата за судии и јавни обвинители и Јавната установа Завод за социјални дејности Скопје.
Скопје, 19 јуни 2025 (МИА) - Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи вчера бил потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи - Центар за обукa, Академијата за судии и јавни обвинители и Јавната установа Завод за социјални дејности Скопје.
Со потпишувањето на овој меморандум, соопштија денеска од МВР, трите институции ќе ја зголемат меѓусебната комуникација со цел да ја воспостават и формализираат меѓуинституционалната соработка на полето на зајакнување на човечки ресурси и институционални капацитети во промовирање на принципите на правдата за деца, заштита на правата на децата и нивниот најдобар интерес.

- Соработката во рамки на меморандумот подразбира реализирање на заеднички активности во полето на развој на системот за учење и професионален развој, развој на компетенции на професионалци - учесници во системот, како и истражување, анализа и создавање на едукативен материјал, а целните групи на корисници се службени лица, вработени во судството, внатрешните работи и државниот систем на социјална заштита, се наведува во соопштението од МВР. цр/вј/
Фото: МВР