МВР: Расчистена тешка кражба во Битола, украденото е вратено на сопственикот
- Битолската полиција расчисти „тешка кражба“, извршена од двајца малолетници од Битола на 9 април од автобус марка „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на фирма за превоз, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Битолската полиција расчисти „тешка кражба“, извршена од двајца малолетници од Битола на 9 април од автобус марка „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на фирма за превоз, информираат од Министерството за внатрешни работи.
- Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола малолетниците во присуство на родителите и претставници од Центарот за социјални работи се повикани на разговор, при што во целост го признале кривичното дело, стои во соопштението од МВР.
Од полицијата дополнуваат дека одземеното е вратено на сопственикот, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителите. ар/сп/