• петок, 15 ноември 2024

МВР: Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните да ги почитуваат термините

МВР: Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните да ги почитуваат термините

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните кои имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје се известуваат дека закажаните термини ќе бидат реализирани, информираат од Министерство за внатрешни работи.

-Согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје утре, на 29 ноември (среда), треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, тоа нема да важи за службите за граѓански работи на МВР, кои и двата дена ќе работат редовно, со полно работно време, велат од МВР.

Оттаму апелираат да се почитуваат закажаните термини, со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи.

Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини. сх/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан