• четврток, 27 јуни 2024

МВР: Пронајдена малолетничката што беше пријавена дека се оддалечила од домот

МВР: Пронајдена малолетничката што беше пријавена дека се оддалечила од домот

Скопје, 11 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја пронајдоа малолетничката што синоќа беше пријавена дека се оддалечила од домот, соопшти МВР.

-На 11.11.2023 полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Општина Центар ја пронајдоа Т.К. (16), која на 10.11.2023 во 19.40 часот беше пријавена од страна на нејзината мајка И.С. (36) дека се оддалечила од домот, наведуваат од МВР.

Малолетничката ќе биде предадена на родителите. вг/ир

Фото: МИА Архива

Остани поврзан