• сабота, 06 јули 2024

МВР: Приведен крадец, пронајдено одземеното

МВР: Приведен крадец, пронајдено одземеното

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - На граничниот премин „Јажинце“, вчера во 18:15 часот,  полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(30) од Србија затоа што, според пријавеното, околу 07:30 часот во угостителски објект во Тетово му одзел пари, накит и лични предмети на С.С.(39) од Турција со кого се познавале од претходно и избегал од местото на настанот.

Како што информираат од МВР, кај лицето се пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека се предмет на кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. дма/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан