• среда, 17 јули 2024

МВР: Приведени криумчари од Кумановско, пронајдени четири лица мигранти од Куба

МВР: Приведени криумчари од Кумановско, пронајдени четири лица мигранти од Куба
Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север денеска во 11:40 часот во село Сопот, Кумановско, ги лишиле од слобода М. Б. (26) и С. М. (28), двајцата од истото село. Како што информира МВР, при преглед во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени четири лица мигранти од Куба, од кои еден малолетник. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар. По целосно расчистување и документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

Остани поврзан