Приведени криумчари на мигранти
- Полицијата вчера околу пладне лишила двајца турски државјани. Едниот бидејќи во возилото со кое управувал биле пронајдени две лица, исто така, турски државјани, кои илегално влегле во државата. Вториот е уапсен бидејќи во возило рент-а- кар со кое управувал биле пронајдени читири сириски мигранти.
Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Полицијата вчера околу пладне лишила двајца турски државјани. Едниот бидејќи во возилото со кое управувал биле пронајдени две лица, исто така, турски државјани, кои илегално влегле во државата. Вториот е уапсен бидејќи во возило рент-а- кар со кое управувал биле пронајдени читири сириски мигранти.
-На 28.01.2025 околу 12.15 часот на автопатот Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.И.Х.(44) од Република Турција, со привремен престој во РСМ. При контрола во возилото „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две лица од Република Турција, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле во државата, информираат од МВР.
Оттаму додаваат и дека на 28.01.2025 во 18.30 часот на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.Т.(45) од Република Турција, со привремен престој во државата. При контрола на патничко возило „geely atlas pro“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. сст/са/
фото МИА архива