• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Интензивно се работи на расчистување на случај со земање мито на ГП Блаце

МВР: Интензивно се работи на расчистување на случај со земање мито на ГП Блаце
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека интензивно се работи на расчистување и санкционирање на случај со земање мито од страна на полициски службеници на граничниот премин Блаце. - Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението на МВР. Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата. бак/лв/

Тагови

Остани поврзан