• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР: Едно лице повредено во вооружена престрелка на подрачјето на Бит Пазар

МВР: Едно лице повредено во вооружена престрелка на подрачјето на Бит Пазар

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Едно лице е повредено при вооружена престрелка на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. 

- Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека на местото на настанот се најдени повеќе чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ар/аа/
Фото:МИА архива 

Остани поврзан