• недела, 22 декември 2024

МВР: Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК

МВР: Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи претпладнево потврди дека во тек е полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Според неофицијалните информации десетина лица се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштуваат од МВР.

Според дел од медиумите истрагата опфаќа 25 субјекти, од кои 23 се физички лица, а две се правни лица. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје. ев/ац/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан