• недела, 22 декември 2024

МВР: Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца

МВР: Возач од Струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца

Скопје, 7 август 2024 (МИА) - Полицијата денеска открила возило што врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган, управувано од возачот А.С. од струмичкото село Босилово, а во  сопственост на Н.Т..

Како што информира МВР, се работи за возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки кое било запрено денеска во 10.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон Куманово.

Контролата ја извршиле полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции.

За случајот бил  известен Државниот инспекторат за транспорт и врски кој, како што наведува МВР во соопштението, на возачот му издал записник за извршен инспекциски надзор, му ја одзел сообраќајната дозвола, издал решение за исклучување од сообраќај и прекршочен платен налог. хс/aa/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан