• сабота, 11 април 2026

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 22 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 20:40 часот на различни локации во Скопје, ги лишија од слобода М.А.(28), А.М.(18), Б.Н.(41), А.Т.(23), М.В.(18) од Скопје, Ф.С.(53) од село Глумово, скопско и М.А.(21) од село Шутово, кичевско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветно поднесоци.

Во СВР Скопје, вчера околу 15:20 часот, е пријавено дека на крстосницата од ул. „Народен Фронт“ и ул. „Јуриј Гагарин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Б.(20) од с.Крушопек, скопско и велосипед управуван од Е.Ш.(27) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 27-годишната Е.Ш., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Утринава во 02:28 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, скопско, било опожарено патничко возило „голф 6“, сопственост на Ф.Е.С.. Огнот бил изгаснат со помош на соседите, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници вчера во 21:55 часот во Гостивар го лишиja од слобода Г.Г.(34) од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава од машко лице од тетовско село дека Г.Г. го уценувал и му барал 5000 евра, кои наводно му ги должел. Според пријавеното, Г.Г. му праќал заканувачки пораки преку телефон и го уценувал дека ќе објавел снимка од разговор меѓу нив. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Штип вчера е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци, на место викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река, е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. По насоки на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Итната медицинска помош вчера во  14:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, бил пронајден починат Д.В.(64). Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

К.Џ.(54) од Скопје синоќа во 00:24 часот во СВР Скопје пријави дека на 21.03.2026 околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице и го одзело мобилниот телефон на неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Т.М.(44) од Скопје вчера  во СВР Скопје пријави дека околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, бил физички нападнат од И.„Н“, кој потоа го удирал и со кундак од пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

С.Т.(27) од с.Ново Село, скопско, утринава во 03:30 часот во СВР Скопје пријави дека во 00:10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Т.А.(28) од с.Волково, скопско утринава во 03:50 часот во СВР Скопје пријави дека во 00:10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 15:20 часот е пријавено дека во двор од семејната куќа во Скопје е пронајдена почината Д.В.(84) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 23:50 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, го лишија од слобода Д.М.(42) од Скопје, затоа што нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

М.Ј.(36) од Скопје синоќа во 01:00 часот во СВР Скопје пријави дека на 21.03.2026 околу 23:45 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, бил физички нападнат од Е.П.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Н.Б.(57) од с.Визбегово, скопско, синоќа во 01:00 часот во СВР Скопје, пријави дека на 21.03.2026 околу 22:30 часот во семејната куќа, неколку лица кои му биле соседи, ја скршиле влезната врата и физички го нападнале, а едно од лицата со пиштол го удирал по главата. При тоа, едно од лицата го турнало и малолетниот син на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Штип вчера во 21:30 часот го лишија од слобода Ѓ.Б.(73) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишна жена од штипско, дека околу 15:10 часот во маркет, нејзиното малолетно дете, било физички нападнато од Ѓ.Б.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во ОВР Кочани вчера во 08:45 часот е пријавено дека било насилно влезено во продажен објект во Кочани, сопственост на П.С.(47) од с.Оризари, кочанско, при што одземени се пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/

 Фото: МИА архива

Остани поврзан