• четврток, 21 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера (04.10) во близина на  с.Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од с.Калишта, струшко. При преглед на патничко моторно возило  „ауди" со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е. , биле пронајдени над 50 килограми марихуана. Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола.

Денеска (05.10.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (05.10.2024) во 03.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.10.2024 во 19.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(18) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (05.10.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(25) од Скопје излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.С.(33) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 04.10.2024 во 18.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.П.(35) од с.Младо Нагоричане-о.Старо Нагоричане удрило во пешакот В.Ј.(88) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 04.10.2024 во 19.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(53) удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констаирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 04.10.2024 во 19.30 часот на автопатот Неготино-Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, го лишиле од слобода М.М.(41) од Србија, затоа што при контрола на патничкото возило „крајслер“ со француски национални ознаки кое го управувал, утврдено е дека не поседувал документи за возилото. Тој бил задржан во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

На 04.10.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека Ж.Ј.(63) од село Муртино, струмичко, додека извршувал земјоделски работи со трактор во нива во место викано „Врловарник“, атар на село Муртино, со тракторот зафатил железна шипка од оранжеријата, која паднала и го повредила. Од здобиените повреди Ж.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

На 04.10.2024 во 15.00 часот во село Свидовица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.И.(30) од Радовиш. Тој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. Во 16.30 часот лицето било предадено во затворот. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови

Остани поврзан