• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Е.А.(36) од Кочани кој се сомничи дека околу 01:30 часот во хотел на подрачјето на Центар се обидел да одземе предмети, но бил забележан и задржан од еден вработен и од лице од обезбедувањето.

Притоа, тој им се заканил со остар предмет, а со тврд предмет го нападнал лицето од обезбедувањето. Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера околу 05.30 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Р.М.(47) и П.Ј.(51), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека со возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки биле претходница на патничко возило „рено меган“ со кумановски регистарски ознаки, во кое околу 01.30 часот биле пронајдени мигранти. Имено, околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица на автопатот А1 бил даден знак за запирање на возилото „рено меган“, но возилото продолжило со движење, скршило рампа на наплатата станица Смоквица, по што излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Г.(34) со привремен престој во Битола поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“  по член 190 од Кривичниот законик.

На 08 овој месец, тој излегол без облека во ходник од зграда во Битола во која живеел и ги вознемирил станарите.

Околу 13.10 часот вчера полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода П.Ј.(44) од тетовска Брвеница и Љ.Л.(64) од тетовско Фалише поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.

Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат дива свиња и да му ја донесат на Љ.Л.. Дивата свиња, која била донесена со возило, е одземена и предадена на Агенцијата за храна и ветеринарство. Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. 

Вчера во 15.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Јавната здравствена установа Гевгелија било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен И.С.(56) од Гевгелија.

Според пријавеното, тој се здобил со повредата истиот ден околу 13 часот додека бил на лов во атар на с.Кованец, гевгелиско. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.  

Од 11 до 16 часот вчера на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за непрописно престигнување во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 36 прекршоци (11 во Тетово и 25 во Гостивар. Покрај ова, санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-7).

Вчера на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 24 прекршоци, од кои 22 надвор од населено место и 2 во населено место. Истиот ден во периодот од 11 до 16 часот спроведена е акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа биле санкционирани 12 прекршоци.

Санкционирани биле и 21 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 5 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 1 за непрописно паркирање.

Во периодот од 08 до 20 часот вчера на тетовско - гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата. Притоа, санкционирани се 18 возачи (ТЕ-7 и ГВ-11) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.

Три од нив пречекориле за над 50 километри на час, а санкциониран бил и 1 возач (ТЕ) кој го пречекорил пропишаниот максимум во населено место, како и 56 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-29 и ГВ-27).

Вчера од 11 до 16 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 22 возачи кои извршиле престигнување на моторни возила на непрегледни и места каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-10, Струга-04, Кичево-05, Дебар-03).

Против нив се поднесени прекршочни платни налози.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Б.(49) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги “.

При претрес, извршен во хотел во Кичево, во кој престојувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин и предмети со траги од кокаин.   

Во саботата во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на факултет на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.С.(48), М.М.(55) и двајца малолетници, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14:45 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 13.50 часот во полуотвореното одделение во објектот притвореникот Д.П.(34) од Скопје бил физички нападнат од притвореникот С.З.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 18.30 часот вчера во СВР Скопје, Т.Ш.(19) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари, таа и Р.С.(23) биле физички нападнати од С.И..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16 часот во ОВР Крушево, С.А. (31) од с.Саждево, прилепско, пријавил дека во с.Саждево бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“.

На 04.01.2023, пријавениот се заканувал и барал пари на неговата поранешна 23-годишна партнерка, со која има вонбрачно дете.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.К.(21) и Д.С.(24), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 28.08 на патот Виница-Берово, по претходно случена сообраќајна незгода, пријавените го оштетиле возилото „ауди“ на Н.А од село Таринци, општина Карбинци.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 25.06.2023 во Казнено-поправната установа затвор Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Во 03.05 часот денеска во Полициската станица Карпош, И.О.(75) од Скопје пријавила дека на влезната врата од станот има оштетувања од огнено оружје.

Полициски службеници извршиле увид и пред влезната врата пронашле пет чаури. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол, рачна граната, ловечка пушка и 493 куршуми со различен калибар.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ш.М.(47) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 04.08.2023 на магистрален пат, на место викано „Чифличка крстосница“, полициски службеници запреле патничко возило, управувано од пријавениот, при што тој на увид дал возачката дозвола за која било констатирано дека е фалсификувана. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан