• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Синоќа во 20:30 часот на регионалниот пат Ресен - Битола - Прилеп, полициски службеници го лишиле од слобода 53-годишниот битолчанец С.И., затоа што кај него биле пронајдени повеќе предмети, што потекнувале од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Рано изутрина во 3:20 часот во СВР - Куманово било пријавено дека бил опожарен деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од овој град.

Исто така, било пријавено дека во периодот од 3:25 до шест часот биле опожарени три патнички возила на улиците „Трст“, „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово. Станувало збор за патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Б., патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ш.. Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица - Куманово, а повредени лица - нема. Увид извршила екипа од СВР - Куманово, известен е и јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Денеска во четири часот во СВР - Скопје било пријавено дека во село Визбегово, скопско, настанал пожар на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Џ., на возраст од 23 години.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита - Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица - нема. Извршен бил увид.

Завчера во 15:30 часот во СВР - Скопје, М.С., 53-годишник од село Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 14:30 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање бил физички нападнат од С.И., на возраст од 40 години од главниот град на државава.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 23 часот во СВР - Скопје, 54-годишна жена од скопско село, пријавила дека околу 17:30 часот во семејниот дом била физички нападната од поранешниот сопруг И.Т., на возраст од 61 година.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.    

Синоќа во 19:30 часот во ОВР - Струга било пријавено дека во продажен објект на магистралниот пат Струга - Дебар, едно лице со закана со огнено од оружје се обидело од вработената да одземе пари.

Но, кога почнала да бара помош, лицето заминало од местото. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

ОВР - Радовиш поднесе кривична пријава против Д.Г., на возраст од 39 години од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 21 јуни на објава на портал на социјална мрежа, пријавениот поставил коментар со што промовирал омраза и насилство.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против двајца малолетници од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 16 јули, пријавените неовластено присвоиле платежна картичка, сопственост на О.Б., на возраст од 62 години и со неа во повеќе наврати вршеле плаќања и на тој начин, предизвикале материјална штета во износ од 5.640 денари.

СВР - Велес поднесе кривична пријава против Р.Џ., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 5 октомври, пријавениот бил затекнат како врши транспорт на огревни дрва со товарно возило „мерцедес“, без да поседува лиценца за вршење јавен превоз.

СВР - Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ј., 25-годишно лице од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин.

На 24 ноември на булеварот „Туристичка“ во Охрид, пријавениот со употреба на сила, од оштетената охриѓанка И.Ч.С., одзел чанта. На 25 ноември, преку отворен прозорец, влегол во домот на оштетената С.Џ. од Охрид и заканувајќи ѝ се со остар предмет ѝ одзел пари и накит. На него му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ОВР - Кичево поднесе кривична пријава против С.П.И., 51-годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик.

При претрес во неговата викенд куќа во кичевската населба Кнежино, полициски службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „застава“, еден гасен пиштол „екол“ со рамка и додаток за испалување, рамка за пиштол со три куршуми, два маневарски куршума и четири сигнални куршуми, што, неовластено ги поседувал. Тој беше лишен од слобода.

ОВР - Струга поднесе кривична пријава против С.М., 83-годишно лице од струшкото село Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 2 ноември, тој со ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан