МВР Билтен
- На 03.07.2021 во 45 минути по полноќ, во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишена од слобода С.М.(26) од Кочани, бидејќи кај неа биле пронајдени прашкаста и гру
Скопје, 3 јули 2021 (МИА) - На 03.07.2021, 45 минути по полноќ, во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишена од слобода С.М.(26) од Кочани, бидејќи кај неа биле пронајдени прашкаста и грутчеста материја, како и дигитална вага. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.07.2021 во 2 часот во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(19) од Гостивар, бидејќи кај него биле пронајдени марихуана и таблети. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.07.2021 во Полициска станица Центар е приведен Б.Р.(51)од Скопје, кој бил фатен при извршување на кражба на бул.„Крсте Петков Мисирков“ и лишен од слобода. Во консултација со Јавен обвинител и по документирање на материјалот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.07.2021 во 22:20 часот во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Д.Д.(28) од село Мирковци, скопско, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар приведен е И.Т.(37), а на разговор бил повикан В.П.(36), двајцата од Скопје, поради сомнение за кражба на медицински средства од здравствена установа во Скопје извршена на 22/24.06.2021. По комплетирањето на службениот материјал ќе следува кривична пријава.
На 02.07.2021 во СВР Штип е пријавено дека околу 10 часот на пристапен пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, се повредил при извршување на работни задачи Г.М.(50) од Штип, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки. Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 02.07.2021 во 19.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ од полициски службеници е лишен од слобода Д.Ф.(28) од Р.Албанија, бидејќи по извршена проверка во службената евиденција констатирано е дека за него има мерка „апси“, по барање на Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 02.07.2021 во 08:50 часот на регионален пат Прилеп - Македонски Брод, во село Ропотово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од З.С.(41) од Р.Албанија и мотоцикл „херк“, без регистарски ознаки, управуван од Р.К.(52) од село Пешталево. По незгодата Р.К. бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телсени повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.
На 02.07.2021 во 14.30 часот од страна на полициски службеници на Граничен премин Блато е лишен од слобода Ш.Ц.(33) од Р.Албанија, бидејќи по извршена проверка во службената евиденција било констатирано дека лицето е со мерка „апси“ по барање на Интерпол Франција. Ш.Ц. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка.
На 02.07.2021 околу во 12:45 часот во СВР Скопје, Б.С.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник.
Во текот на изминатото деноноќие 02.07/03.07.2021 на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 43 прекршоци.
На 02.07.2021 во 11:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрије Чуповски“ бил каснат од куче скитник. свс/