• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 27 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од Скопје вчера во 15:30 часот го лишиле од слобода К.И.(28) од Скопје за кривично дело насилство. Околу 15:00 часот, според пријавеното, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката. Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.На Граничниот премин “Долно Блаце“, вчеравечер околу 20:55 часот, на влез во РС Македонија, приведен е О.Б.(43) од Албанија, поради нудење поткуп. О.Б., кој бил заменски возач на автобус со албански национални ознаки, влегол во службената просторија на раководителот на смена и понудил банкнота од 50 евра за наводно да се забрзала контролата на патните исправи на патниците. Веднаш е лишен од слобода и за настанот бил известен Јавен обвинител кој наредил пријавениот да биде задржан и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.                                   На регионалниот пат од село Мрзенци кон село Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Богородица“ вчера дале знак за запирање на патничко моторно возило „Форд мондео“ со германски регистарски таблички. Возачот не запрел и се упатил во правец на Прдејци. По преземени мерки, возилото набрзо било пронајдено и при преглед во истото и пребарување на теренот, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, додека возачот се дал во бегство. Известен бил Јавен обвинител и се работи на расчистување на случaјот.                                         Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 519 возачи. Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 286 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 233 надвор од населено место.                                         На 26.08.2022 во 23:55 часот било пријавено дека во зграда на улица „Дане Крапчев“ во Скопје било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 20-25 години. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.На 27.08.2022 во 04:15 часот Н.К.(26) од Скопје, пријавил дека околу 03:15 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.На 27.08.2022 во 00:30 часот Т.Д. (57) од Скопје пријавила дека на 26.08.2022 околу 16:40 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот син бил физички нападнат од две лица со тврди предмети. Се работи на расчистување на настанот.На 26.08.2022 во 20:20 часот В.Р.(24) од Скопје, пријавил дека околу 19:00 часот на подрачјето на Чаир по претходна расправија бил физички нападнат од Н.Џ. и М.Џ. Се работи на расчистување на случајот.На 27.08.2022 во 01:10 часот А.В.(33) од Струга пријавила дека на 26.08.2022 околу 22:15 часот во Струга нејзиниот син бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.Полициски службеници од Полициска станица Битола, утрово околу 3 часот, по судска наредба од Основен суд Битола, го привеле К.Т.(37) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор во траење од една година за извршени тешки кражби. К.Т. е спроведен во КПУ Затвор Битола за издржување казната.На 27.08.2022 околу 02:00 часот било пријавено дека во село Луково-струшко пред угостителски објект, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу П.Т.(41) од село Калишта-струшко и В.Ј.(35) од Струга од една страна и Б.В.(20) од с.Луково, Љ.М., Б.Б. и М.Б. од друга страна. Се работи на расчистување на случајот.На 27.08.2022 во 01:15 часот било пријавено дека во угостителски објект во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу две групи на лица, по што истите биле отстранети од угостителскиот објект. Се работи на расчистување на случајот.На 26.08.2022 во 20:00 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево бил лишен од слобода Ќ.Д.(76) од Крушево поради тоа што, откако претходно упатувал закани кон негови соседи, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие. При лишувањето на К.Д. дошол Н.З.(51) од Крушево и ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 27.08.2022 околу 03:45 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Берово по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Т.Р. од Франција од една страна и Д.Т.(28) и Т.П.(33) двајцата од с.Будинарци. Според пријавеното, Т.Р. го удрил Т.П. со стаклен предмет. Се работи на расчистување на случајот.  На 27.08.2022 во 01:30 часот во СВР-Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улица „Прохор Пчински“ бил пронајден со повреди В.Б.(38) од Скопје кој, според пријавеното, паднал од велосипед, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје за расчистување на случајот.На 26.08.2022 во 19:15 часот во Радовиш од полициски службеници од Полициската станица Радовиш бил лишен од слобода З.С.(45) од Радовиш поради тоа што во казино, по претходна расправија со Г.С.(44) од Радовиш, со остар предмет му нанел повреда. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  На 26.08.2022 во 15:30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Валандово бил лишен од слобода Ќ.У.(56) од село во Валандовско, поради тоа што истиот ден околу 10:00 часот било пријавено дека на пат во селото се самозадоволувал. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 26.08.2022 во 17:45 часот во СВР Велес П.К.(51) од Велес пријавил дека од  дом за стари лица во Куманово се оддалечил неговиот очув Ѓ.С.(83) кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.На 26.08.2022 во 20:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во гостиварската населба Фазанерија 1 ги лишиле од слобода Г.Џ.(35) и А.Г.(40), двајцата од Гостивар, затоа што околу 19:00 часот пред трговски дуќан во населбата физички се пресметувале и според пријавеното во пресметката Г.Џ. употребил и стаклен предмет. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 27.08.2022 во 04:05 часот на булеварот „Борис Трајковски“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода Б.Б.(19), Т.Л.(19) и уште еден малолетник, сите од Скопје кои биле со патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистарски ознаки, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршиле кривично дело „тешка кражба во обид“ во тобако на улица „Ѓорѓи Димитров“. Со нив бил извршен разговор, во кој во целост го признале кривичното дело. Од нив било одземено возилото кое го управувал малолетникот и три мобилни телефони. По целосното документирање на случајот од страна на ЕВР-ОКР Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава.  ки/вг/

Остани поврзан