• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 2 мај 2021 (МИА) - Денеска во 05:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, го приведоа Б. М. (23) од Скопје. При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е марихуана и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава според членот 215 од Кривичниот законик. Вчера во 16:10 часот, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Ф. Ш. (33) од струшкото село Велешта. При преглед на патнички автомобил „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен на улицата „Боро Калајџиески“’ во Струга, во кој бил сопатник, кај него пронајден и одземен хероин. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе кривична пријава според членот 215 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден  Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје - Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 79 возила. Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Вчера во 21:00 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило “фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А. К. (21) од Битола, како и во две паркирани возила и  канделабра, по што го напуштилo местото на настанот. Во незгодата А. К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен. По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16 годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Денеска во 00:30 часот В. С. (23) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 18:30 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат со тврд предмет од Е. Н. и уште две лица. Се работи на расчистување на случајот. Вчера во 16:20 часот С. И. (40) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот син бил физички нападнат од Е. Е. и уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот. Вчера во 18:50 часот Ф. А. (34) од село Старо Балдовци пријавил дека истиот ден околу 15:00 часот, во село Старо Балдовци бил физички нападнат од А.Н, М.Н, Т.Н. и уште неколку други лица со тврди предмети. Се работи на расчистување на случајот. Вчера во 16:00 часот О. А. (21) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот. Вчера во 21:15 часот било пријавено дека во Гостивар на улица „Мајор Чеде Филиповски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу шест лица од кои пет малолетници, сите од Гостивар и гостиварско каде бил употребен и тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот. Денеска во 05:30 часот било пријавено дека во Кочани на улица „Стамен Манов“ биле опожарени две патнички возила “бмв“ со кочански регистарски ознаки, а делумно оштетено било возило “мерцедес“. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот. Вчера во 14:50 часот во Полициска станица Сарај, М. М. (42) од село Сарај, пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот во неговиот двор дошол соседот Ф. Н.(72) упатувајќи закани со остар предмет кон пријавителот и неговото семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 18:20 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром С. Н. (24) и Љ. Д. (25) физички го нападнале М. Г. (36) од Скопје. По пристигнување на полициски службеници на местото на настанот С.Н. се однесувал агресивно кон нив, по што бил приведен во Полициската станица Аеродром. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Денеска во 04:00 часот било пријавено дека во Скопје, на улица „Методија Митевски“, со експлозивна направа оштетени биле стакла од неколку дуќани. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот. аа/

Тагови

Остани поврзан