• недела, 22 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)
Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возач. Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 100 надвор од населено место. Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во атар на село Болно на местото викано Речиште ресенско, одзеле возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од Е. К.(34) од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од А. М. (19) од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација. Од страна на вработените од ЈП„Национални шуми“ е извршено мерење на дрвата, по што возилата со дрвата се одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во СВР Охрид вчера во 14:40 часот приведен е С.С.(31) од Охрид. При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронашле марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Б.Л вработен во Затвор Идризово вчера во 7:17 часот во СВР Скопје пријавил дека осуденикот Џ.И.(63) од Тетово починал во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од 29.10.2022 година бил на болничко лекување. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина-Скопје. Во СВР Битола вчера во 21:00 часот било пријавено дека во водите на Преспанското  езеро било пронајдено телото на Р.А.(39) од село Могила, битолско, по што од Противпожарната единица Ресен било извлечено од водата и по наредба на Јавен обвинител било пренесено во Клиничка болница-Битола за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Вчера околу 23:30 часот било пријавено дека  во угостителски  објект лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Г. врз С.Г.(36), двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Во простории на јавно претпријатие во Струга, вчера околу 16:30 часот К.П.  физички ја нападнала В.С.(62), двете од Струга. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе  соодветна пријава. Во ОВР Струга вчера во 15:30 часот приведен е А.С.(45) од Драч, Република Албанија кој, непријавено престојувал на територијата на државата. Истиот, врз основа на судско решение за протерување е спроведен до граничниот премин „Ќафасан“. Т.М.(63) од Кичево, вчера во 21:05  часот пријавил дека неговиот малолетен внук, на улицата „Мехмед Мехмеди“ во Кичево, бил каснат од куче скитник. СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом во Охрид, што привремено го користел, полициските службеници од Одделението за борба против дрога при СВР Охрид, пронашле марихуана и кокаин. А.А.(27) од Кочани утринава околу 1:20 часот во Полициската станица Кочани пријавил дека пред казино во Кочани бил физички нападнат од Ј.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во Полициската станица Центар вчера околу 18:00 часот е пријавено дека на паркинг на подрачје на Центар,Скопје едно лице со закана од К.И.(40) од Скопје одзело чанта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Е.А. (29) од Скопје вчера во 20:10 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека во временскиот период од октомври 2020 година до ноември 2022 година, тој, а потоа и Е.Ш.(24), Е.И.(36) и Б.С.(38), по претходен договор во неколку наврати му дале пари на Д.А., кој се претставил како вработен во државна институција, во врска со посредување од страна на пријавениот за вадење на одобренија, при што до денот на пријавување Д.А. не им ги обезбедил бараните документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 13:50 часот е пријавено дека на подрачје на Кисела Вода по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Р.(38) од една страна и Ѓ.М.(28) и Д.А.(25) од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Р.С.(76) од Скопје вчера во 10:00 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на 10.11.2022 околу 8:00 часот во семејниот дом на подрачје на Гази Баба по претходна расправија тој и неговата сопруга В.С.(68) биле физички нападнати од нивниот син Г.С.(39). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. С.А.(47) од Скопје вчера во 19:00 часот во Полициската станица Драчево пријавил дека околу  18:00 часот на подрачје на Драчево едно лице физички го нападнало употребувајќи остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На територијата на СВР Битола вчера е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 26 возачи. Од нив, 18 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а осум надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Е.П.(46) од село Арачиново, скопско вчера во 21:05 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека околу 10:30 часот од домот се оддалечила неговата ќерка З.П.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање  на лицето. Полициски службеници од СВР Битола утринава во 3:50 часот во Крушево го лишиле од слобода е И.Ф.(61) од Скопје, затоа што според пријавеното околу 1:00 часот во апартман во Крушево физички нападнал 40-годишна битолчанка и со остар предмет им упатувал закани на неа и нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. А.Ј.(38) вчера во 14:55 часот во Полициската станица Куманово пријавила дека на 09.11.2022 околу 21:30 часот на плоштад во Куманово била физички нападнат од тројца малолетници кои ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во СВР Куманово утринава во 4:50 часот од Противпожарната единица Куманово е пријавено дека на ул. „Октомвриска револуција“ во Куманово, во близина на угостителски објект, било опожарено паркирано патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(30) од Куманово, а кое било паркирано од М.И.(21) од Куманово. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Д.И.(36) од Македонска Каменица утринава во 3:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица пријавила дека во угостителски објект во Македонска Каменица по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неа и З.И. во која употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 20:55 часот во Полициската станица Аеродром е пријавено дека во аптека на подрачје на Аеродром, Скопје едно лице со закана од вработена одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Д.С. вчера во 3:30 часот во Полициската станица Струмица пријавил дека на 10.11.2022 околу 22:30 часот во село Баница  бил физички нападнат од В.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ѓ.Ќ.(43) од Велес вчера во 23:00 часот во Полициската станица Велес пријавила дека околу 21:30 часот во парк во Велес нејзиниот малолетен син по претходна расправија бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. вј/

Остани поврзан