• понеделник, 25 ноември 2024

МБА во рамки на одбележувањето на Глобалната/Европска недела на пари издаде електронски билтен

МБА во рамки на одбележувањето на Глобалната/Европска недела на пари издаде електронски билтен
Скопје, 26 март 2021 (МИА)Македонската банкарска асоцијација во рамки на одбележувањето на Глобалната/Европската недела на пари го издаде првиот број на МБА Е-билтен https://mba.mk/w/mk/e-bilten/.

Билтенот, информираат од Асоцијацијата, ќе излегува на квартално ниво, а има цел значаен дел од работењето на МБА и на нејзините членки и соработници да го направи уште подостапно до вработените во банките и во штедилниците, студентите по економија и средношколците во економските училишта, како и до пошироката јавност.

-Македонската банкарска асоцијација презема повеќе иницијативи и активности за што поинтензивна финансиска едукација на граѓаните и за доближување на работењето на банките и штедилниците до јавноста, стои во соопштението.

 Еден од најзначајните проекти, чија цел е зголемена финансиска едукација и писменост на младите, е организацијата на Националниот натпревар за „Европскиот квиз на пари“.

Оваа недела беше организиран третиот по ред Национален натпревар за „Европскиот квиз на пари“, на кој учествуваа 650 ученици на возраст од 13 до 15 години. Благоја Трајчески и Михаил Атанасовски од Основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола, во конкуренција на своите врсници од целата држава, постигнаа најдобри резултати и ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале. скс/ац/

Остани поврзан