• четврток, 04 декември 2025

Маџунков повторно заминува во странство

Маџунков повторно заминува во странство

Струмица, 27.ноември 2025 (МИА) – Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Маџунков по една сезона мината во матичниот клуб Струмица 47&72 повторно ќе настапува во странство. Тој својата кариера ќе ја продолжи во позната средина белгиски Лувен. Нашиот одбојкар и клубот се обврзаа на соработка до крајот на сезоната.

Маџунков ќе биде значајно засилување за Лувен во белгиското првенство, така и во ЦЕВ Лигата на шампионите, каде тимот во групната фаза ќе се соочи со италијански Лубе Цивитанова, Монпеље од Франција и полска ПГЕ Варшава.

Средниот блокер деновиве ќе и се приклучи на екипата и ќе стартува со тренажен процес, а дебито за ново-стариот клуб треба да го има претстојниот викенд. Маџунков покрај за Струмица има настапи и за Вардар, додека во странство настапуваше за екипи од Црна Гора, Италија, Германија, Хрватска, Полска и сега повторно Белгија. мн/

Фото: ОФМ

Остани поврзан