• петок, 05 декември 2025

Мајка пријавила физички напад врз синот во Дневен центар за лица со попреченост во Кавадарци 

Мајка пријавила физички напад врз синот во Дневен центар за лица со попреченост во Кавадарци 

Кавадарци, 30 јули 2025 (МИА) - Мајка пријавила физички напад врз синот во Дневен центар за лица со попреченост во Кавадарци, оваа информација попладнево ја потврди за МИА, портпаролката на Секторот за внатрешни работи - Велес, Биљана Ѓаковска. 

- Денеска во 10:30 часот во ОВР - Кавадарци, Д.Н., 47-годишна кавадарчанка, пријавила дека вчера во периодот од 10:30 до 14:30 часот, нејзиниот син Ц.Н., на возраст од 23 години, кој бил со здравствени проблеми, бил физички нападнат од едно лице во дневниот центар за лица со попреченост во развојот во Кавадарци, каде секојдневно престојувал по четири часа. Известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи - Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираше Ѓаковска. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан