Пингпонгарите на Зегин Берово се есенски јуниорски државни шампиони во двете категории
- По одигрување на вториот турнус во Јуниорска лига за машки и девојчиња пингпонгарскиот клуб Зегин Берово го завршува првиот дел од сезоната на првото место.
Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - По одигрување на вториот турнус во Јуниорска лига за машки и девојчиња пингпонгарскиот клуб Зегин Берово го завршува првиот дел од сезоната на првото место.
Со максимален учинок од 10 и шест победи, соодветно кај машките и женските, Берово е есенски шампион.
-Јуниорската лига е приказ на тоа колку македонските екипи вложуваат во децата и младите и така ги градат идните шампиони на македонскиот пинг-понг, објави МТТФ.
Пелагонија и Младост 96 следат во чекор на второто и третото место во двете категории. зс/
Фото: ЕПА