Матиќ го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до 2023 година
- Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед Немања Матиќ го продолжи договорот со клубот, објавено е на официјалната веб-страница на „црвените ѓаволи“.
Манчестер, 6 јули 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед Немања Матиќ го продолжи договорот со клубот, објавено е на официјалната веб-страница на „црвените ѓаволи“.
Договорот со 31-годишниот Србин се пресметува до 2023 година.
Матиќ игра за Манчестер Јунајтед уште од летото 2017 година. Оваа сезона играчот од средниот ред има одиграно 27 натпревари на сите турнири во кои постигна гол и направи две асистенции. зс/