• понеделник, 23 декември 2024

„Мател“ издаде „Барбика“ со Даунов синдром

„Мател“ издаде „Барбика“ со Даунов синдром

Лос Анџелес, 26 април 2023 (МИА) - Компанијата „Мател“ во продажба пушти „Барбика“ со Даунов синдром, според наводите - во обид да го направи својот опсег поразновиден и поинклузивен.

Американскиот гигант за играчки честопати се соочува со критики дека традиционалната Барби не ги претставува вистинските жени, па затоа последниве години создаде и кукли со апаратче за слушање, протетички екстремитети и ортопедска количка. Целта е „сите деца да се видат себеси во Барби“, како и „да си играат со кукли кои личат на нив“, велат од компанијата.

Оригиналната кукла „Барбика“ се појави на пазарот во 1959 година и стана своевиден симбол за „совршено“ женско тело. 

Меѓутоа, академици од Универзитетот на Јужна Австралија, на пр., посочија дека веројатноста жената да има облик како телото на Барби е 1: 100.000. Затоа, критичарите повикаа „Барби“ да претставува пореална слика за телото на една жена.

Во 2016 година, „Мател“ ги објави „Заоблената Барби“ (Curvy), „Високата“ и „Ниската слатка“ (Petite) кукла, како и широк спектар тонови на кожата што ги одразуваат разните и различни раси и етникуми.

Новиот лик со Даунов синдром има ниско тело, подолго торзо, позаоблено лице со помали уши, и очи во облик на бадем. Фустанот со надуени ракави е жолто-син - бои поврзани со свесноста за Даунов синдром. Куклата има и розов ѓердан со приврзок со три шеврони што ги претставуваат трите копии од 21 хромозом - она што ги предизвикува одликите на Дауновиот синдром. Барби овојпат носи и розови подврски на глуждовите, коишто одговараат на нејзината облека, а бидејќи некои деца со Даунов синдром ги користат заради поддршка на стапалата и глуждовите.

Британската манекенка Ели Голдстајн изјави дека се чувствува „премногу воодушевена“ од новата „Барби“, објави „Би-би-си“.

И други компании-производители на играчки ширум светот, како данската „Лего“, претходно го следеа примерот на „Мател“.  си/

Фото: Мател

Остани поврзан