Мас бара укинување на сите ограничувања во август
- Шефот на германската дипломатија Хајко Мас побара укинување на сите ограничувања воведени поради пандемијата со Ковид-19 веднаш штом сите луѓе во Германија ќе имаат можност да се вакцинираат

Берлин, 6 јули 2021 (МИА) - Шефот на германската дипломатија Хајко Мас побара укинување на сите ограничувања воведени поради пандемијата со Ковид-19 веднаш штом сите луѓе во Германија ќе имаат можност да се вакцинираат.
- Треба да се смета на тоа во текот на август, изјави Мас за весникот Зијодјче цајтунг и германската новинска агенција ДПА.
Тој посочи дека откако сите луѓе во Германија ќе имаат можност да се вакцинираат, веќе нема законско или политичко оправдување за какви било ограничувања. ми/